Friday, April 12, 2013

Ракомет

РАКОМЕТ

Ракомет е спорт кој се игра со две екипи по седум играчи (6+1). Овој спорт се игра со топка поголема од тениско топче а помала од одбојкарска топка. Правилата на водење на топата се слични но не се исти. Натпреварот трае 60 минути со две полувремиња од 30 минути. Целта на овој спорт е да се дадат што е можно повеќе голови и да се постигне поголем успех.
Голман-Улогата на голманот во ракометната игра е доста значајна поради индивидуалниот третман во рамките на колективната игра. Поставувањето на голманот кон играчот со топка е прв предуслов за добра одбрана на топката. Добро поставен голман во основен став, мора да биде на средина на гол линијата и тоа кон раката која ја исфрла топката. Движењата се реализираат со паралелен чекор за да би се овозможила поткрепа во моментот на ударот. Во ситуација на скратен агол голманот реализира силен исчекор на едната нога или суножни поскоци со двете нозе во правец на топката.
Одбрана и блокирање на удар на гол-Ставовите во одбрана и блокирање на удари на гол, се појавуваат како два вида и тоа како каралелен и дијагонален. Кај споменатите ставови, растојанието помеѓу стапалата треба да биде ијику 40 cm. Положбата на рацете, треба да бидат благо раширени во висина на рамениците со мало наведнување на телото. Потпирањето и тежината на телото е на предните делови од стапалата и предната нога со напната мускулатура во колениците и колковите. Од основниот став, играчот треба да испадне во одбрана и да го оневозможи нековиот удар на гол тоа со правовремено излегување директно на нагачкиот играч и тоа во моментот кога се врши прием на топката. Додека пак за оневозможување на ударот на гол, бековите користат блокирање со една или две раце, така што дланките се што поблиску до топката при блокирање.

Мојот омилен ракометар е Кирил 


Лазаров. Тој е најдобар македонски 


ракометар и е прв европски стрелец 2012.

Одбојка



ОДБОЈКА

Одбојка е спорт кој се игра со две екипи по шест играчи. Целта на овој спорт е префрлената топка од едната екипа да падне во противничкото поле и да се добие поен. Топката смее само три пати да биде допрена од страна на едната екипа пред да помине топката преку високо затегнатата мрежа која ги оддвојува екипите. Секој играч има своја позиција. Техничарот е играч на позиција број три. Тој го организира нападот, т.е им ја крева топката на играчите од неговата екипа. На сервис е играчот на позиција број еден. Тој со серва ја префрла топката преку мрежа, од задната линија без да направи престап. Постојат два вида на серви а, тие се школска и тенис сервис.


 Поен се добива со тоа што топката ќе падне внатре во полето или пак со несмасно префрлена топка која оди во „аут“.


При префрлање топка со прсти, нозете се во расчекорен став и колената се малку свиткани. Телото е поднаведнато нанапред. Рацете се високо подигнати и се над челото. Со палците и показалците треба да формираме
триаголник. Дланките се на растојание од главата 20 cm. При додавање на топката со прсти, најголет терет носи показалецот, палецот и средниот прст, потоа до малиот и малиот прст.

При одбивање со подлактица (чекан), положбата на телото е иста како и кај прстите. Прифаќањето на топката се прати со целото тело. Овој вид на одбивање се применува во најголем

број на случаеви кога имаме прием на сервисот. Одбивањето е во тоа што топката паѓа ниско и играчот мора да направи голем исчекор кој топката во лево или во десно, во зависност каде паѓа топката. Едната нога на играчот е свиткана кај коленото, а другата е испружена. Овој елемент е често користен во одбојкарската игра.

Thursday, April 11, 2013

Фудбал

ФУДБАЛ


За да се игра фудбал потребни се два тима од 11 играчи. Играта трае две полувремиња од 45 минути со пауза од 15 минути. Целта на играта е да имаат успех со кој ќе постигнат победа.Голот е ограничен на стативи кои се 7,32 m оддалечени, а пречката е поставена на височина од 2,44 м. Фудбал може да се игра на сите делови на телото освен со раце. Полето за играње е правоаголник со најголемо мерење 110 x 75 m, а најмалку 100 х 64 m. Тоа е поделено во два дела, и во секој има област околу гол (правоаголник 5,5 х 18,32 м) и казна (исто така правоаголник 16,5 x 40,32 м). Топката има дијаметар од 68-71 см, а нејзината тежина е 396-453 g.

Исто така, постои мал фудбал што се игра со 5 играчи (1 голман + 4 играчи), во кој тие играат на официјалните светски и европски првенства во фудбал. Димензии на теренот се помали од големината на голем фудбал. Висината на голот е околу 2 метри. Просторот на голманот е означен 6 m дијаметар полукруг.

Фудбалерите носат дрес со бројка на грбот, шорцеви и копачки со ребрести ѓонови.

Мојот омилен шпански фудбалски клуб е „Барселона“.


Mојот омилен англиски фудбалски клуб е „Манчестер Јунајтед“.


Голман-играч на кој целта му е да ја одбрани топката за да не влези во голот.
Одбранбен играч-исто така и неговата цел е да ја одбрани топката.
Средишен играч-неговата цел е поврзување на одбраната со нападот.
Напаѓач-играч на кој целта му е да постигни гол.